Накратко за NAITM

Националното здружение за дојдовен туризам во Македонија е здружение кое ги вклучува сите засегнати страни во дојдовниот туризам во Република Македонија, проширувајќи и одржувајќи ја успешната приказна.
Националното здружение за дојдовен туризам во Македонија е насочено кон добивање квалитетна понуда на туристичкиот пазар, зголемување на обемот на квалитетни производи и услуги на туризмот, комбинирање на силите на туристичките агенции кои се занимаваат со дојдовен туризам во Македонија, хотели, ресторани, винарии, транспортни компании, туристички водичи и други институции вклучени во туристичкиот аспект на Македонија. НАИТМ се залага за правата на засегнатите страни во туризмот од секој сектор на туризмот и се бори за промена и обновување на законите во туризмот во Македонија, со цел да се добијат квалитетни производи и услуги и регулирање на работата во секој сегмент на туризмот. Националното здружение за дојдовен туризам во Македонија соработува со повеќе универзитети и факултети за туризам во земјава и се залага за вработување на млади луѓе, како и обука на практиканти од универзитети за работа во туризмот. НАИТМ соработува со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, странски институции и меѓународни развојни корпорации, Министерството за економија - Сектор за туризам и други.

  • НАИТМ ги поврзува и обединува компаниите од различни сектори кои ја реализираат својата економска активност преку дојдовниот туризам.

  • НАИТМ ги промовира членовите и дојдовниот туризам во Македонија како еден од најважните економски сектори.

  • ·НАИТМ нуди услуги за едукација на членовите, со цел подобрување на стандардите за бизнис и заштита на животната средина во согласност со глобалните и етичките стандарди во туризмот.

  • НАИТМ ги претставува своите членови, а на барање на мнозинство предлага законски решенија за надминување на бариерите, како и промоција на туристичките сектори пред институциите.

  • НАИТМ ги промовира можностите за работа во туризмот како прогресивен сектор за вработување на млади, како што се првите вработувања или унапредување на работата во разни патеки за професионална кариера поврзани со туризмот.

Основачи на НАИТМ се: Гоце Робев од `Enjoy Balkans`, Александар Кузманоски од `Simonium Travel`, Стефан Керазовски од `Visit Macedonia`, Димитар Ѓорѓиевски од `Enjoy Macedonia`, Акан Мамут од `Karaci Tours`, Џихангир Бадем од `Badem Tours` и Влатко Сулев од `Balkan Prime Tours`. Претседател на здружението е Влатко Сулев.